Седници на собраниските комисии за финансирање и за образование
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, и за образование, наука и спорт.
На Комисијата за финансирање и буџет на дневен ред се 18 предлог-законски текстови во прво читање. Пратениците треба да ги разгледаат измените на законите за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, за игрите на среќа и за забавните игри, за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, за стоковите резерви, за пријавување и евиденција на обврски, за административните такси, за експропријација и на Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, сите во прво читање.
На дневен ред се и измените и дополнувањата на законите за финансирање на единиците на локалната самоуправа, за буџетите, за јавен долг, за регистрирање на готовински плаќања, за даночна постапка, на за комуналните такси, за придонеси од задолжително социјално осигурување и на Законот за даноците на имот и на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, исто така во прво читање.
Собраниската Комисија за образование, наука и спорт треба да се изјасни за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Универзитет за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“, во прво читање, поднесен од пратениците Рубин Земон, Лилјана Поповска, Ѓулумсер Касапи, Ферид Мухиќ, Мирослав Јовановиќ, Сашо Василевски, Жаклина Лазаревска, како и за Предлог законот за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование, во прво читање, поднесен од Енес Ибрахим и Јусуф Хасани.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп