Македонија
5. March 2019 - 8:55

Седници на собраниските комисии за европски прашања, за политички систем и Законодавно-правната

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог – законите за класифицирани информации, за Агенција за национална безбедност, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Предлог-законот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница во Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување на Законот за следење на комуникациите и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за странци, сите во прво читање.

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници. Пред членовите на оваа Комисија ќе се најдат Предлог-законот за извршување на санкциите во второ читање и Предлог – законот за Централен регистар на население во прво читање.

Две седници ќе одржи и Законодавно – правната комисија.