Седници на собраниските комисии за европски прашања, за политички систем и Законодавно-правната
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно – правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за европски прашања се предлог – законите за класифицирани информации, за Агенција за национална безбедност, измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, Предлог-законот за координација на безбедносно – разузнавачката заедница во Република Северна Македонија, Предлог-законот за изменување на Законот за следење на комуникациите и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за странци, сите во прво читање.
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи две седници. Пред членовите на оваа Комисија ќе се најдат Предлог-законот за извршување на санкциите во второ читање и Предлог – законот за Централен регистар на население во прво читање.
Две седници ќе одржи и Законодавно – правната комисија.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење