Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска ќе заседаваат Законодавно-правната и комисиите за економски прашања, за политички систем и односи меѓу заедниците, за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, како и за прашања на изборите и именувањата.
Единствена точка на седницата на Комисијата за економски прашања е Предлог-законот за изменување на Законот за трговија на зелени пазари по скратена постапка во второ читање, пред Комисијата за политички систем е Предлог-законот за дополнување на Законот за пратениците по скратена постапка во второI читање, додека Комисијата за транспорт ќе расправа пое Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот поштенските услуги по скратена постапка,
Членовите на Комисијата за земјоделство ќе ги разгледат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството и Предлог-законот за изменување на Законот за земјоделство и рурален развој, двата поднесени за донесување во скратена постапка,
На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата се формирање комисија за селекција на кандидати за претседател и за членови на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и утврдување Предлог – одлука за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Пред Законодавно-правната комисија се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за основање Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, за земјоделство и рурален развој, за трговија на зелени пазари, за поштенските услуги, како и за дополнување на Законот за пратениците, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор