Седници на повеќе собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за надворешна политика, за европски прашања, за транспорт, врски и екологија, за здравство и Законодавно правната комисија. Седница ќе одржи и Советот на Собранискиот канал.
На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се измените и дополнувањата на Законот за платите на јавните обвинители и на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, и дополнувањата на Законот за платите на судиите, сите во второ читање и по скратена постапка.
Комисијата за надворешна политика ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за надворешни работи, по скратена постапка.
Јавна расправа на тема: Како до европско судство?, организира Комисијата за европски прашања.
На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се измените на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка во второ читање и дополнувањата на Законот за градежно земјиште и на Законот за градење, двата по скратена постапка и во второ читање.
Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за измените и дополнувањата на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка во второ читање.
На дневен ред на Советот на Собранискиот канал се Договор за работа на Советот на Собранискиот канал, Реализација на програмата на Собранискиот канал за тековната 2015 година и Програмскиот план на Собранискиот канал за наредната 2016 година.
Законодавно-правната комисија треба да одржи две седници.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка