Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници треба да одржат Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Законодавно-правната комисија.
Чкеновите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да го утврдат предлогот за избор на член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по Огласот за избор на еден член на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија објавен во „Службен весник на РСМ" број 154/2022.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог законот за дополнување на Законот за минерални суровини во прво читање, Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ( I Фаза), Предлог одлуката за номотехнички правила за подготвување на законите, Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, по скратена постапка, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка и Предлог законот за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија во прво читање.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?