Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието денеска треба да заседаваат комисиите за економски прашања, за култура, за финансирање и буџет и за политички систем и односи меѓу заедниците.
Собранискта Комисија за економски прашања треба да ја продолжи третата седница на чиј дневен ред преостануваат предлог-законите за изменување и дополнување на законите за трговските друштва, за трговија, за занаетчиство и за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, сите во прво читање.
Во прво читање членовите на Комисијата треба да расправаат и за предлог-законите за изменување на законите за метрологијата и за контрола на предметите од скапоцени метали, како и за Предлог на законот за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка во второ читање.
Пред пратениците ќе се најдат и двата предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица во прво читање, Предлог финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2021 година, како и Предлог-одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија за 2021 година.
Комисијата за култура треба да ја одржи третата седница на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за библиотеките и за заштита на културното наследство, и двата по скратена постапка и во второ читање.
Комисија за финансирање и буџет треба да ја продолжи деветтата седница, на чиј дневен ред преостануваат предлог-законите за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, како и за финансирање на Проектот за модернизација на земјоделството, по скратена постапка. Двата предлог-закони се по скретена постапка и во второ читање.
Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците треба да ја одржи 13-та седница, на која треба да расправа за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија во прво читање.
Ново на Сител
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз
-
Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Малезија