Седница на Уставен суд
Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница не поведе постапка за иницијативата поднесена на Законот за превоз во патниот сообраќај, од аспект на глобата, 500 евра во денарска противвредност да му се изрече за прекршок на физичко или правно лице ако врши јавен превоз, превоз на сопствени потреби или такси превоз без лиценца“. Оваа иницијативата Судот не ја прифати и одредбата остана во правниот поредок.
Одлучувањето по иницијативата поднесена на Законот за општата управна постапка беше одложено.
На денешната седница Судот донесе одлука за укинување на член 8, став 1 од Законот за основање Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Укинувањето е во делот „кога странката поднесува жалба плаќа и надомест за водење постапка во зависност од висината на изречената глоба. Ако глобата е до 1.000 евра жалителот треба да плати надомест од 20 евра, ако глобата е од 1.000 до 5.000 евра треба да плати надомест од 50 евра, ако глобата е од 5.000 до 20.000 евра надоместокот што треба странката да го плати по жалба е 100 евра, ако глобата е од 20.000 до 100.000 евра надоместокот за водење постапка е 200 евра, ако глобата е од 100.000 до 200.000 евра надоместокот кој треба да го прати жалителот е 300 евра, а кога глобата е над 200.000 надоместокот кој жалителот треба да го плати за водење постапка изнесува 400 евра во денарска противвредност“.
Ново на Сител
-
Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци
-
САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
-
Навивачот хоспитализиран за време на натпреварот Финска – Полска почина во болница
-
Без вода корисниците од улицата „Осло“ во Карпош
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии