Македонија
16. March 2020 - 11:56

Седница на Советот за безбедност – медиумите може електронски да поставуваат прашања

 Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска со почеток од 16 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија, на која покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот ќе присуствуваат и министерот за здравство Венко Филипче и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Поради мерките и препораките на Владата за заштита од COVID-19, од кабинетот на Пендарвоски, ги охрабруваат медиумите да го преземат видео материјалот и фотографиите кои ќе бидат веднаш дистрибуирани до медиумите по почетокот на седницата.

По завршувањето на седницата, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за јавноста, која ќе биде пренесувана на Јавниот сервис МРТ, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.

Претставниците на медиумите кои ќе одлучат да не дојдат во Вила Водно, своите прашања можат да ги поставуваат до 17:30 часот на press@presidentoffice.mk и на телефонските броеви на Билјана Радева и на Катерина Цаневска.

На сите прашања претседателот Пендаровски ќе даде одговори, кои исто така ќе бидат дистрибуирани до медиумите и ќе се пренесуваат во директниот пренос, на Facebook страницата на Претседателот и на YouTube каналот.