Балкан
5. July 2017 - 12:04

Се зголемува приливот на мигранти на Лезбос

Во последните пет дена на островот Лезбос пристигнале 202 мигранти и бегалци, со што вкупниот број на лица кои бараат азил на островот се зголеми на 4.057 од 3.182 колку што беа на 1 јуни.

Во истиот период, на островите Хиос и Самос не пристигнале нови мигранти или бегалци.

Според грчката полиција, на Лезбос, Хиос и Самос има вкупно 9.782 бегалци и мигранти, кои побарале азил и нивните барања се уште не се разгледани.