Се зголемува бројот на жртви во несреќата кај Ниш
Пет лица загинаа, а повеќе од 26 се повредени во денешниот судар на воз и автобус на обележан премин преку пруга, но без рампа, во близина на Ниш.
Директорот на Клиничкиот центар во Ниш Зоран Радовановиќ потврди дека на лице место загинале двајца возрасни и едно дете. Уште две лица починале во Клиничкиот центар во Ниш.
Автобусот, кој превезувал деца во средно училиште, од јачината на ударот се преполовил. Сите повредени биле во автобусот, а никој од десетмината патници во возот не е повреден.
Директорот на Ургентниот центар КЦ Ниш Миодраг Лазиќ рече дека за 15 минути примиле 30 повредени, од кои 10 до 12 се во животна опасност. Меѓу тешко повредените има десетина деца, додаде тој.
Несреќата се случила кога патнички воз, кој во 7:14 часот тргнал од железничката станица Ниш кон Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна