Се зголемува бројот на загинати во железничката несреќа во Грција
Најмалку 36 лица го загубија животот, а 66 лица со повреди се хоспитализирани во грчките болници по синоќешниот судир на патнички и товарен воз кај месноста Темпи. во близина на грчкиот град Лариса.
Грчките медиуми објавија дека меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома во студентските кампуси.
Според официјалните информации од портпаролот на Противпожарната служба на Грција Василиос Ватракојанис операцијата за пронаоѓање на исчезнати е во тек и акцијата е фокусирана на првите три вагони.
Со помош на специјални кранови се отстрануваат делови од возот за да се создадат услови за целосен пристап во вагоните.
Интервенираат 150 пожарникари со 17 возила, четири кранови, а на располагање се 30 возила на брзата помош.
Според грчките медиуми, меѓу 350 патници во возот, поголемиот дел биле студенти кои по продолжениот викенд се враќале или дома или во студентските кампуси.
Причината за несреќата и понатаму е непозната, а како што соопштија од компанијата „Hellenic Train“, возот со околу 350 патници што сообраќал на релација Атина - Солун директно се судрил со товарен воз. Од директниот судир, вагоните излетале од шините, по што избил и пожар.
Првиот вагон веројатно е целосно изгорен, а биле извлечени и јагленосани тела.
Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за една од поголемите, ако не и најголемата железничка несреќа во Грција.
Ново на Сител
-
На ГП „Табановце“ за влез и излез се чека 45 минути
-
Во стан во Велес пронајден мртов маж
-
Ангелов со апел за внимателност за Илинденските празници за да не се предизвикаат пожари
-
Кривична за гостиварец кој објавувал приватни фотографии со сексистички содржини од лажен профил
-
Три лица загинаа во тешка сообраќајка на автопатот Скопје - Тетово
-
ОЈО Битола доби нов Истражен центар за борба против најтешките и најсериозните облици на криминал
-
Николоски: Клучната разлика меѓу оваа и претходната влада е што сега се испорачуваат резултати, откочени се проектите од коридорите 8 и 10
-
Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ