Се затвораат сезонските туристички објекти во Грција
Од денеска, па се до 30 април 2020, со одлука на министрите за развој, цивилна заштита, труд, здравство и внатрешни работи, во Грција се затвораат сите сезонски туристички објекти.
Одлуката за „привремена забрана за работа на сезонските туристички објекти“, вчера беше објавена во Службен весник на Грција, а денеска стапува во сила.
Во однос на туристичките објекти кои веќе работата, им се дава можност, да ги затворат следната седмица, на 23 март 2020.
Од Конфедерацијата на туристички бизниси на Грција, ја поздравија одлуката на владата, а претседателот Јанис Рецос вели дека станува збор за неизбежен и правилен чекор.
Паралелно, на вчерашниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите од неговата влада, беше одлучено целосно да се прекине авио поврзувањето со Италија, за оние авиокомпании кои сѐ уште имаа летови од и кон земјата.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево