Балкан
24. October 2020 - 15:49

Се затвораат ноќните клубови во Софија

Од утре, сите ноќни клубови во главниот град на Бугарија, Софија, ќе бидат затворени. Мерката ќе важи во следните две недели. Ова го објави градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Одлуката доаѓа по состанокот со општинскиот штаб и врз основа на зголемените случаи на Ковид-19 и хоспитализираните пациенти во Софија, , објавија бугарските медиуми.

Фандакова ги повика фирмите во Софија да им дозволат на своите вработени да работат преку Интернет, доколку е можно тоа.