Свет
31. August 2016 - 14:02

Се запали бегалски камп во Швајцарија

Бегалски камп во швајцарскиот кантон Золотурн, во градот Биберист, е целосно уништен во пожар кој избувнал денеска, јавува Танјуг.

Локалните полициски власти соопштија дека причините за пожарот засега се се уште непознати, и дека нема повредени лица. Сите 10 бегалци коишто во моментот се затекнале таму, се безбедно евакуирани, а противпожарните единици за кратко време го изгаснале пожарот.

За проценка на штетите ќе бидат потребни два до три дена, изјави полицискиот портпарол.

Случаите на напади врз бегалци во Швајцарија се ретки. Бројот на азиланти во земјата минатата година се искачи на 39.523.