Се заоструваат односите помеѓу Северна и Јужна Кореја
Северна Кореја повторно го обвини Сеул дека „бесмислено“ се однесува кога зборува за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров, а од друга страна ги зајакнува своите воени потенцијали.
Пјонгјанг последните месеци речиси во целост ја суспендира соработката со Сеул, кој изрази загриженост поради застојот во нуклеарните преговори помеѓу Северна Кореја и САД.
Севернокорејското Министерство за надворешни работи неодамна соопшти дека е разнишана довербата во Јужна Кореја.
По третиот неуспешен самит на Ким Џонг-ун и Доналд Трамп на границата на Јужна и Северна Кореја, уследи работен американско-севернокорејски состанок, кој според Пјонгјанг не успеа поради „стариот американски став и однесување“.
На двогодишнината од првиот самит Трамп – Ким, севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Свон-гвон изјави дека ако САД сакаат да ги продолжат преговорите мора да бидат подготвени да и дадат нешто конкретно на Северна Кореја.
Ново на Сител
-
Христовски од АНБ: Незаконско следење имало, на ред е Обвинителството
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава