Се вика Симба а доби прекар Дамбо - јаре со уши долги над еден метар се роди во Пакистан
Нубиско јаре стана хит на интернет и освои многу срца поради неговиот необичен изглед – тоа има екстремно долги уши, поради кои го доби и прекарот „Дамбо“… Се работи за младенче на тнр. нубиска коза, а на светот дојде со необични уши кои му се влечат по под од самото раѓање, и не престануваат да растат. Сега се долги вкупно 116 сантиметри.
Јарето е родено во Пакистан, а неговиот сопственик Мухамед Хасан не крие дека е изненаден што го има. Му го дал името „Симба“, а тврди дека јарето е сосем здраво и дека нема никакви проблеми. Како што рече сточарот, јарето старо околу две недели веќе ги освоило срцата на мештаните и се надева дека ќе го запише во Гинисовата книга, каде што сѐ уште нема рекорд за коза со најдолги уши.
Инаку, сите нубиски кози имаат подолги уши во споредба со другите кози и им помагаат да се справат со топлите температури на тие подрачја.
Пакистан е трета земја во светот по бројот на кози, каде што се одгледуваат главно за месо и млеко. Нубиските кози имаат висококвалитетно млеко со маснотии што може да се пие или да се користи за правење јогурт, сладолед, сирење и путер.
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи