Свет
2. May 2018 - 9:14

Се усвити небото над Балтикот: Руски ловец пресретна американски шпион, еве како го исече

Руски ловец утрово пресретна американски шпионски авион над Балтичкото море во меѓународниот воздушен рпсотор.

Фокс њуз пренесува изјава на двајца американски официајлни лице дека рускиот авион Су - 27 извел „сигурно но непрофесионално“ пресретнување на авионот за надзор на американската морнарица, П-8 при неговата мисија над Балтичкото море.

Рускиот авион пролетал на само шест метри над американскиот, но американските пилоти им рекоа на официјалните лица дека не се почувствувале загрозено ниту небезбедно.

Ова е последен во низата вакви инциденти меѓу американските и руските авиони. Последниот беше оној во јануари, кога рускиот ловец прелетал покрај шпионскиот авион на американската морнарица ЕП-3 над Црното Море,

Американските и руските воени авиони редовно летаат еден покрај друг над Балтичкото и Црното море, но на професионален начин, соопшти петагон. Меѓутоа можно е новиот воздушен инцидент да има врска со растечката тензија меѓу Русија и САД во Сирија.