Џет-Сет
6. February 2017 - 23:16

Се уште сум жешка: Маја Оџаклиевска раскажува зошто немала естетски операции

Некогаш важеше за една од најпосакуваните дами на јавната сцена. Поп пејачката Маја Оџаклиевска (62) крена раце од музиката и се посвети на себеси и своето семејство. Од жешка црвенокоса заводничка, стана мирна и повлечена русокоса. Сепак таа смета дека и натаму е посакувана иако годините минуваат.

-Што ми фали денес? Толку сум жешка во овие години што е срамота уште да бидам цревенокоса. Секој поинаку ме гледа и доживува, но мене тоа не ме интересира. Сакам да бидам растоварена од тоа кој што зборува и мисли за мене. Кренав раце од се оној момент кога сфатив дека нема место за сите под Сонето, како што некогаш беше, вели Маја.

Printscreen

Таа никогаш не посетила хирург, па рече што мисли за тоа.

-Не можам да одам на затегнување на лицето затоа што се плашам. Се плашам од такви интервенции и анастезии. И кај мене како и кај секоја жена постои една доза суета, но уште пред 10 години сфатив дека жената може себеси да си дозволи нормално да старее. Сепак, секој кој може да се разубавува, нека го прави тоа, немам ништо против, вели македонската пејачка која со децении живее во Белград.

Printscreen

Маја Оџаклиевска повеќе пати зборуваше дека поради семејството и желбата што повеќе да биде со нив, ја жртвувала кариерата. Меѓутоа кога љубовта е во прашање, тука немала отстапки.

-Љубов имав редовно. Бев сакана и сакав се до моментот додека не сфатив дека тука нешто не штима. Тоа беше мојата тајна и убава врска која би ја одржувала, пет, шест, седум години, рече Оџаклиевска.