Се уште нема одговор од Косово за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ
Со сослушување на вешти лица од МВР кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.
За случајот „Монструм“ во претходна постапка, предмет на анализа биле возилата „опел омега”, „голф 3″, „пежо 306″ и „мазда 626″.
Првиот вештак, вработен како началник во Оддел за криминалистичко-технички работи, вршел дактилоскопски анализи, односно анализа на отпечатоци од прсти и траги, како што кажа, на возило „пежо 306″ и предметен материјал земен од него, како и на возило „мазда 626″ со сина боја.
На прашање од Судот, вештото лице кажа дека останува на исказот даден пред истражен судија на претходна постапка.
– По извршената анализа. Трагите од капиларни линии кои се категоризирани како подобни за идентифилација на лица се внесени во систем при што е извршена идентификација со лицето Алил Демири и лицето, внесено од СВР Куманово како Нухии Бујан, за кого не е утврден точен идентитет, изјави вештото лице.
Посочи дека, трагите на дел од материјалите докази од возилото „пежо 306″, како сметки и потврди, се совпаднале со тие на лицето Самир Љута, кое е подоцна внесено во системот за анализа од СВР Скопје.
Претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев, на почетокот информира дека се уште нема одговор на барањето за екстрадиција на двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство на Косово. Сите останати обвинети се присутни во судница.
Застапници на обвинението од Специјалното јавно обвинителство се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.
Фетаи, на почетокот, објасни дека тефтерот што беше покажан на минатото рочиште е од листата на одземени докази од сопругата на Африм Исмаиловиќ при претресот на неговиот дом.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто