Се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која се обиде да се самоубие
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека се уште нема извештај од стручната комисија за случајот со родилката која на почетокот на овој месец имаше обид за самоубиство на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК).
- Првите упатувања беа од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), од инспекторите. Ние нормално постапивме по закон, по ред како што е. Има стручна комисија. Се уште немаме извештај од стручната комисија. Во моментот кога ќе имаме извештај, во ист момент ќе го споделиме со медиумите, рече министерот Меџити одговарајќи на новинарско прашање при посетата на Клиниката ендокринологија.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) преку соопштение информираше дека на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство - Скопје (ГАК) е констатиран пропуст во делот на реализирање на конзилијарните прегледи побарани во два наврати за родилката која пред неколку дена имаше обид за самоубиство. На Универзитетската клиника за психијатрија не се констатирани недостатоци по однос на организацијата на работа на функционирање на клиниката во услови на постапка за реновирање.
Заклучоците по извршените вонредни инспекциски надзори во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и ЈЗУ УКМ за психијатрија беа објавени на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) на 6 јули 2023 година.
Ново на Сител
-
Меџити: Во владата нема преговори за промена на грбот
-
Меџити: Се уште не е договорено името на новиот државен обвинител
-
Собранието ги изгласа заклучоците и препораките за поголема безбедност во сообраќајот
-
Грипот се уште “тресе” – ризичните групи најмногу на удар!
-
Пожар во Кисела Вода – повредени 4 лица
-
Меџити: Имаме поважни работи од промена на грбот и химната
-
По најавите на Трамп за зголемување на царините, македонските компании будно ја следат состојбата
-
Одложен тендерот за центарот за управување со отпад кај с. Мечкуевци