Се уште не знае дека мајка и е убиена: Детали за морничавото убиство на Тијана
Марија Ранѓеловиќ, ќерката на трагично убиената Татјана Ранѓеловиќ од Заечар, е сеуште во тешка состојба и се опоравува на одделението на ВМА, а наводно сеуште не е известена дека нејзината мајка починала.
Таа од ударите кои го добила од покојниот татко, има скршена вилица и јаболчната коска.
Според зборовите на пријтелите, таа сеуште не знае дека нејзината мајка е почината.
- Марија наводно се обидела да ја одбрани мајка си од Милен и да спречи да го фрли нејзиниот 8-месечен брат од прозорецот. Не видела кога Милен ја фрлил нејзината мајка од прозорецот, а веднаш потоа брутално ја претепал, па во моментот кога пристигнала полицијата и тој се фрлил од прозорецот. До сега никој не и кажал дека нејзината мајка е почината, раскажал нејзин пријател за "Ало.рс".
Тој додал дека Марија се уште е под јаки седативи.
- Веднаш е префрлена на ВМА, а кога во еден момент прашала за нејзината мајка и било кажано дека е тешко повредена и дека е во болница во Ниш, се ова со цел да и помогне побрзо да се опорави и да се врати на својата помлада сестра и 8-месечен брат - додава пријателот.
Полицијата неофицијално не успеала да изврши разговор со претепаната девојка, иако таа е единствениот сведок на трагичното убиство. Со оглед на тоа дека неколку дена се наоѓа во тешка здравствена состојба и е под силни седативи, и не е во можност да на полицијата и ги раскаже деталите од трагичното убиство.
Ново на Сител
-
Украдени електрониката и каблите од новиот водовод на Трескавец, пуштањето во употреба одложено за март
-
УГД со бесплатни часови за матурантите по математика, физика, хемија и биологија
-
Младите сакаат брза заработка, не се заинтересирани за пракса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на Влада
-
Протест во Неготино
-
Во Корча се градеше стратегија за подобра положба на Македонците во Албанија
-
Протест во Неготино