Свет
17. November 2023 - 10:27

Се урна рудник во Русија: работници останаа под урнатините, има загинати

Двајца работници загинаа утринава во рудникот Омчак во руската провинција Забајкаље, кога дошло до колапс, соопшти регионалниот оддел на Министерството за вонредни состојби.

Според првите информации, инцидентот во рудникот на компанијата за ископување злато Омчак во областа Балеј се случил утринава околу 10 часот по локално време, а двајца работници останале заробени под урнатините.

Спасувачите од под урнатините извлекле тело на еден работник, а малку подоцна и на друг, пренесува РИА Новости.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.