Се уредува просторот околу Спомен костурницата во Неготино
Започна уредувањето на просторот од над четири хектари околу Спомен костурницата во Неготино.
Градоначалникот на Неготино, Ванчо Апостолов изјави дека средствата се обезбедени од општината, Центарот за регионален развој на Вардарскиот плански регион, Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој.
- Проектот според кој се изведуваат работите на терен, опфаќа поставување на урбана опрема и уредување на скалите, изградба на фонтана и тревнци, патеки за рекреација со клупи за седење, две игралишта од кои едно за одбојка на песок и шах на отворено а друго за кошарка, неколку детски содржини и слично, изјави Апостолов.
Инвестицијата ќе чини околу четири милиони денари.
- Нам ни требаат повеќе зелени површини во градот. На овој дел ќе донесеме и технолошка вода од системот за наводнување на дворните површини, најави Апостолов.
Ново на Сител
-
Собраниска седница за Меѓународниот ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница
-
Голем пожар во Визбегово – Населението се евакуира, приведенo едно лице
-
Преглед на вестите од светот
-
Интерпелацијата на претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски пред пратениците
-
Стартува изградбата на гасниот интерконектор со Грција
-
Остра реторика во Европскиот парламент за извештајот за Македонија
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско