Се судриле „мерцедес“ и две „ауди“ по што удриле во тројца малолетни пешаци
На 16.03.2022 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на бул.„Босна и Херцеговина“ и сервисна улица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(19) од Скопје, патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д.(29) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(56) од Скопје, по што удриле во тројца пешаци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобилa малолетничка-пешак, а со телесни повреди се здобиле уште две малолетнички-пешаци, како и возачите Ј.Д. и Д.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Градска општа болница „8-ми Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Коалиционите партнери ги следат случувањата во „ВРЕДИ“
-
Еден месец по трагедијата во Кочани
-
Тема на денот со Ивона Тодорова од Support Kocani
-
Хуманитарен натпревар помеѓу Вардар и Црвена Звезда
-
Таравари надвор од игра – од ВРЕДИ тврдат сам се исклучил од коалицијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден месец од трагедијата во Кочани
-
Под истрага десет полициски службеници за пожарот во кочанската дискотека