Македонија
24. April 2022 - 11:22

Се судрија малолетник со „априлија“ и 25-годишник со „фолксваген“ во Кавадарци

На 24.04.2022 во 02.45 часот било пријавено дека во Кавадарци на ул.“Ѓорѓи Соколов“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(25) од Кавадарци, и мопед “априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетник од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од мопедот, констатирани во Општата болница во Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.