Се стресе земјата, земјотрес од 7,1 степен го погоди Перу
Најмалку две лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати, а 65 се повредени кога земјотрес со јачина од 7,1 степен по Рихтерова скала го погоди денеска Перу.
Гувернерката на регионот Арекипа, Јамила Осорио објави на Твитер дека 55-годишен маж настрадал кога врз него се урнала карпа во областа Јаук.
Другата жртва настрадала во истиот регион, додека 65 лица се повредени.
При потресот повеќе куќи се урнати и можно е да порасне бројот на жртвите, соопштија официјалните лица.
Перуанскиот министер за здравство наведе дека 17 лица се водат како исчезнати откако се урна еден рудник при земјотресот.
Геолошкиот институт на САД наведува дека потресот се случил на 124 километри југозападно од градот Пукујо.
Земјотресот е забележан на длабочина до 12,5 километри.
Ново на Сител
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
За 12 октомври се подготвува реванш меѓу Усик и Фјури
-
Топ 5 технолошки новитети кои доаѓаат во блиска иднина
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити