-->
-->
- Се срамам што се уште сум девица, лажам дека имам сексуално искуство!
-->
Чудно е во денешно време да слушнете дека некој е девица, односно без сексуално искуство а веќе возрасна личност. Оние кои се наоѓаат во таа ситуација не разговараат за тоа бидејќи стравуваат од исмејување. Понекогаш лажат и оние кои не се девици, дека се, бидејќи и тие се плашат од осудување на блиските пријатели и семејството. Некои од нив проговориле на оваа тема на апликацијата Whisper, а биле искрени бидејќи можеле да останат анонимни.
- Наскоро ќе наполнам 26 години а и понатаму сум девица. На своите пријатели им кажувам дека имам сексуално искуство бидејќи ми е непријателно да признам дека го немам. Имам искуство дека доколку им кажам, ќе мислат дека не сум нормална.
- Со години лажам за својот статус на девица. Страв ми е дека веќе никој нема да ме сака но и да се гледа со мене, дека ќе бидам непожелна за врска. Затоа велам дека сум искусна, а своето искуство го собирам гледајќи порно-филмови.
- Јас мојот дечко го лажев дека не сум девица, па нашиот прв секс беше нешто посебно. Всушност тој и ме разоткри.
- Отсекогаш сум лажела за тоа дека не сум девица. Не знам како би ја ја поднела осудата од другите.
- Секој потенцијален дечко на кого сум рекла дека сум девица го доживеал тоа како цел до која мора да дојде, затоа веќе не разговарам со никого за тоа.
- Понекогаш лажам дека не сум девица бидејќи стравувам од тоа дека момчињата не би разговарале со мене искрено. Би избегале.
- Јас кажувам дека не сум девица бидејќи луѓето не разбираат дека постојат и луѓе кои не се опседнати со секс.
- Понекогаш лажам за тоа за да стекнам нови пријатели.
- И јас лажам дека не сум девица, и не ми е јасно како никој не се посомнева во тоа.
- Со најдобриот пријател разговарам за сексуалните искуства иако сум девица, некако сакам да пораснам во неговите очи.
- Признавам, ги лажам своите пријатели дека се уште сум девица, за да не ги слушам зборовите: "Зарем веќе".
- Имам 19 години и често лажам за статусот на девица. Некако се чуствувам детски ако кажам: "Се уште го чекам вистинскиот"
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Евростат: Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните
-
Пласидо Доминго во Скопје
-
Хрватска го одбележува Денот на сеќавање на жртвите од Вуковар и патриотската војна
-
Прва средба меѓу британски и кинески лидер по шест години
-
Грција на 20 ноември ќе биде блокирана од штрајкот на вработените во приватниот и јавниот сектор
-
НБO: Зелениот картон е во функција, непрактична е идејата за укинување на зелената карта само за државите од ЦЕФТА
-
Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат
-
Наместо да го стави во употреба директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево