Балкан
22. јуни 2018 - 9:27

Се спои небо и земја: Големо невреме утрово ја зафати Србија

Белград утрово нешто по 8 часот го зафати силен пороен дожд проследен со ветер и грмотевици.

Претходно, РХМЗ издаде предупредување за наоблачување од север и запад кое денеска до средината на денот ќе се прошири низ целата земја условувајќи дожд, грмежи и поголем пад на температурите како и засилен северозападен ветар,

Наоблачувањето кое во утринските часови, среде преместувањето ан студениот фронт над подрачјето на Србија, ќе ги зафати северните и западните краишта, а во текот на претпладнето и средината на денот ќе се прошири на останатите предели, условувајќи врнежи, грмежи, поголем пад на температурата како и силен, повремено бурен, северозападен ветер.

Невреме проследено со силен дожд, грмежи и јак ветер го зафати синоќа Пријепоље, каде направи голема материјална штета на овоштарниците и патната инфраструктура, а водата полави и неколку домаќинства во градот.

Покрај селските  и приградските делови и главните сообраќајниц во градот беа под вода, а дождовните колектори не можеа да го примат огромното количество врнежи.