Живот
22. May 2017 - 11:55

Се случи вистински хорор - Морски лав повлече девојче под вода!

Кога луѓето го забележаа морскиот лав, се смееја и го хранеа со леб. Никој не очекуваше дека морското животно ќе го повлече девојчето под вода!
 
Девојчето седи близу до водата на пристаниште во Канада. Се доближува морски лав, кој на сите им изгледа мирен и симпатичен. Во еден момент, морскиот лав се подава од водата и го повлекува девојчето со себе. Еве го тој момент!