Се слави големиот пророк: Со овие обичаи откријте ја својата иднина!
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 декември.
Денеска е Св. Пророк Агеј.
Свети пророк Агеј е еден од т.н. 12 мали старозаветни пророци. Една негова книга е зачувана во канонот на Стариот завет. Се роди во шестиот век пред Христа, при крајот на вавилонското ропство на Евреите. Го доживеа и нивното враќање во Јудеја. Преку овој пророк Господ ги охрабруваше Евреите во изградбата на разурнатиот ерусалимски храм, објавувајќи им дека тој ќе биде пославен од првиот, зашто во него ќе се појави царот на светот, спасителот на сите народи.
Ѕидањето на Соломоновиот храм го охрабрило еврејскиот народ и му дало поттик за ослободување од ропството.
Според преднитерто празникот на Агеј е добар ден за гатање и прорекување на судбината - било со читање од дланка, гледање во грав, кафе или карти. Исто така се верува дека помошта ќе им дојде на сите кои искрено и од душа му се молат на овој свет Пророк: Пророкот твор Агеј, во спомен на Господа го славиме, затоа те молиме, спаси ги нашите души!.
Ново на Сител
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега
-
Палмер по триумфот на Челзи на Светското клупско првенство: Сите се сомневаа во нас
-
Сончево и топло, до 39 степени
-
На граничните премини Табановце и Богородица се чека околу 30 минути
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско