-->
-->
Се сетил кој е по 30 години а сите мислеле дека е мртов
-->
Маж од Канада кој исчезнал пред 30 години се сетил на својот идентитет и повторно ќе биде споен со своето семејство, наведуваат канадските медиуми.
Едгар Латулип имал 21 година кога исчезнал од домот за ментално хендикепирани во Онтарио.
Влегол во автобус, но набргу потоа доживеал повреда на главата, за која полицијата верува дека е причината за губење на меморијата.
Како што наведува, со децении живеел во регионот Нијагара, под различен идентитет, за потоа да започне да доживува флешбекови.
На социјалната работничка и го кажал своето име, а кога таа го проверила името Латулип открила дека Едгар е дел од истрага за исчезнати лица. ДНК тестот го потврдил неговиот идентитет.
„Полицаец сум 18 години, ова е нешто што досега го имав видено само на телевизија“ – наведува Филип Гавин за локалната телевизија.
Мајката на Латулип, Силвија Вилсон изјави дека е целосно изненадена од веста.
Истакнува дека тој има ментална старост на дете од 12 години, а неговата мајка додава дека имала тежок однос со својот најстар син, но и дека сака да зборува со него и да му помогне на било кој начин.
„Само сакам да го видам“ – изјави таа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци