Се санира коритото на реката Брегалница во Штип
Се расчистува коритото на реката Брегалница од наносите што поплавите ги донесоа пред шест месеци.
Техничкиот директор на ЈП „Исар“-Штип Игне Иванов информира дека градежната механизација на фирмата „Коле транс“ веќе го расчисти и уреди коритото на Брегалница кај Градскиот базен, а од денеска почнуваат во штипско Ново село, односно кај топлиот извор Л‘џи и ќе продолжат до новиот ректорат на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
- Во рамки на расчистувањето на коритото на реката Брегалница ќе биде опфатена и санација на каскадата кај Штипско езеро, каде се наоѓаат бунарите од кои градот добива вода за пиење. Се планира во наредниот период да се расчисти коритото на реката во должина од 10 километри, рече Иванов.
Тој појасни дека санацијата на реката Брегалница, што поминува низ Штип ќе се одвива од населбата 8 Ноември до местото познато како четврти километар.
Ново на Сител
-
Зголемена потреба од психолошка поддршка во училиштата
-
Технички неисправен автобус возел 77 македонски патници во Будимпешта – Агенцијата вели дека изнајмила исправно возило
-
Крива Река загадена со цијанид и олово – општината ќе бара кривична одговорност
-
Рокас: Македонија доцни со реформи во правосудството, следиме се што се случува
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани