Свет
15. April 2021 - 20:10

Се самозапали маж на париската метро станица Пигал во Париз

Маж попладнево се самозапали на станицата Пигал, во Париз, а еден патник интервенирал со апарат за гаснење пожар, јави дописникот на МИА.

Сообраќајот на линијата 2 е во прекин меѓу Барбес-Рошешуар и Шарл-де-Гол-Етоал, соопшти РАТП.  

На плоштадот Пигал, во близина на метро станицата, присутни се пожарникари и полиција. Според еден сведок, од еден од двата излеза се појавувал чад. Неколку млади луѓе се во шок и тие се згрижени од пожарникарите.