-->
-->
Се реставрира градската фонтана во Крива Паланка
-->
Jавното претпријатие „Комуналец“ од Крива Паланка работи на реставрирање на автентичната фонтана во градскиот парк, стара половина век.
- Се санираат оштетувањата настанати со долготрајните атмосферски влијанија, но се внимава на зачувувањето на препознатливиот лик на камената фонтана со три водоскоци. Елементите на фонтаната која го зазема централнито дел на паркот и му дава особен белег, ќе бидат разубавени и надополнети со ситни украсни елементи, информира директорот на „Комуналец“, Томе Тодоровски.
Додаде дека нивото на главната градба ќе биде поставено повисоко од претходното за да може да се направи уште еден додатен елемент што ќе го надополни амбиентот на градскиот парк, импровизирана река која ќе се слева во коритото на Крива Река.
Наспроти фонтаната ЈП „Комуналец“ поставува голема украсна шаховска табла, наменета за сите посетители на паркот, љубители на шах.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР