Се реконструираат водоводната и канализациската мрежа во Кавадарци
По направената анализа за тековното одржување, заклучено е дека приоритет на ЈП Комуналец е завршување на реконструкцијата на водоводната и канализационата мрежа во Кавадарци, изјави денеска директорот Илија Атанасов.
- Почетокот на реконструкцијата е на главните колектори кои во моментот се во лоша состојба и моменталните профили немаат можност да ги зафатат сите отпадни води. Станува збор за два колектори кои одат паралелно по реката Луда Мара од почетокот на село Ваташа, до селото Марена, појасни Атанасов.
На овие потези, подвлече тој, ќе се изврши реконструкција на мрежата, ќе се променат старите дотраени цевки и мали профили, а се планира поставување ревизиони шахти.
Атанасов најави дека за оваа година е предвидено задолжување со кредит од КФВ банката во висина од 400 илјади евра и грант, неповратни средства од 250 илјади евра од државата.
Со овие средства, како што рече Атанасов, ќе се заврши предвидената реконструкција на водоводната, фекалната и дел од атмосферската канализација на потегот од главниот извор од резервоарите, преку Желков дол, до градски базен.
- Предвидена е и промена на главен цевковод кој со вода ги снабдува цела средна зона запад, цела индустриска зона и Росоман, информираше директорот.
Годинава, нагласи, ќе се реконструира водоводната, фекалната и атмосферската мрежа и на помали потези, а ќе се проширувал и СКАДА системот со поставување на нови мерно-регулациони шахти.
- Планираме да изградиме две прекидни комори на водоводот за селата Бегниште и Сопот поради чести дефекти предизвикани од голем притисок. Во програмата за работа оваа година се предвидува и менување на главните вентили на градската дистрибутивна мрежа, одржување на сите шахти, воздушни вентили, пожарни хидранти, и водомери, соопшти Атанасов.
Во 2013 година со одлука на кавадаречкиот совет, на ЈП Комуналец му беа предадени за одржување селските водоводи на Конопшите, Страгово, Крњево, Долна Бошава, Бојанчиште, Киманичево и Гарниково.
- Таму се поставени три хлораторни станици, а во функција се две за селата Конопиште, Страгово и Крњево, додека третата е планирано да се стави во функција годинава, додаде тој.
Годинава се предвидува да се ангажираат две лица кои редовно ќе бидат присутни во селските населби и ќе вршат контрола на сите водоводни мрежи, ќе вршат санирање на дефекти, ќе остваруваат контакт со потрошувачите и ќе доставуваат фактури за потрошена вода.
Ново на Сител
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа
-
Раде Трајковски-Штекли и уште осум лица од неговата група добија 30 дневен притвор за продажба на дрога
-
Откако Силјановска ги врати, лиценците на негователките утре повторно на седница
-
Измени и дополнувања на Законот за локална самоуправа
-
Денот на рибарите во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Светот во исчекување на инаугурацијата на Трамп