-->
-->
Се реконструира покривот во Здравствениот дом во Велес
-->
Во Здравствениот дом во Велес во тек се градежните работите за целосна реконструкција на покривот, односно земена на старите опасни по здравјето азбестни табли со нови и пресувани панели со изолација. Реконструкцијата што ќе чини 5 милиони и 600 илјади денари е сопствена инвестиција на оваа јавна здравствена установа.
Како што информира за МИА, Николче Димовски директор на на ЈЗУ Здравствен дом, се одлучиле за реконструкција на кровот на зградата со цел да се создадат подобри услови за вработените и пациентите кои се лекуваат во амбулантите на Здравствениот дом.
Ќе се реконструираат 700 метри квадратни на целата зграда на ЈЗУ Здраствен дом, во која се наоѓаат амбулантите, службата за брза помош и просториите на административниот персонал.
Во изминатата недела од кога се одвиваат градежните активности, веќе целосно е извршена реконструкција на покривот на гаражите за возниот парк на ЈЗУ Здравствен дом, кои се во засебен објект веднаш до зградата.
– Со реконструкцијата ќе имаме двојна корист, ќе се заштитат просториите од протекување при дожд, снег и од влага, а воедно со поставување на новиот кров кој е со изолација во многу ќе се придонесе и за заштеда на енергија во зградата во зимските месеци, потенцира Димовски.
Работите што ги изведува градежната фирма „Делта Пром“ од Велес започнаа на 18 октомври и според потпишаниот договор целосно треба да бидат завршени до 20 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци