Се реконструира патот Беловиште-Вратница
Од денеска започна рехабилитација на локалниот пат што ги поврзува населените места Беловиште и Вратница во рамки на општина Јегуновце. Станува збор за делница во должина од 1.407 метри со широчина од четири метри, која треба да се асфалтира.
-Ќе се работи на патот на потегот од мотелот Вратница до влез на Беловиште. Оваа делница последен пат е обновена во 2004 кога е поставена канализација. Со тоа ќе се задовалат барањата на граѓаните за санација на оштетениот пат кој бил потешкотија за нормално движење. Во зависност од временските услови очекуваме градежните работи да траат 20-тина денови, информира Дарко Блажески, градоначалник на општина Јегуновце.
Средства за реконструкција на патот се обезбедени од Владата преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, во висина од 7 . 336.332 денари со вклучен ДДВ.
Ново на Сител
-
Венко Филипче влегува во трката за нов лидер на СДСМ
-
Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
-
Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство
-
Санкционирани 185 возачи на мотоцикли
-
ДС: Реорганизација на министерствата
-
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна
-
ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура