Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј
Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј, информираше денеска директорот на оваа културна установа Петре Камчевски, по повод денот на музеите. Тој појасни дека сите проекти се од програмата за национален интерес и поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.
- Три од проектите се едукативни. Тие се од областа на археологијата, историјата на уметност и етнологијата. Се реализираат заедно со учениците од специјалната паралелка од основното училиште „Страшо Пинџур", соопшти Камчевски.
Тој додаде дека се изработуваат и четири кратки монографии за најважните настани од историјата на селата Барово, Дабниште, Чемерско и Рожден.
Камчевски го спомена и проектот за евидентирање и документирање на спомениците од НОБ и Илинденскиот период на територијата на општината Кавадарци.
Директорот на музејот ја најави и изложбата на Стефан Хаџи Николов за следната седмица.
Ново на Сител
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето
-
По втор пат во една година вандализирани православните гробишта во Гостиражни
-
Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот