Се разведе ѕвездата на Си-Ен-Ен по 20 години брак
Водечката новинарка на Си-Ен-Ен, Кристијана Аманпур, и поранешниот репортер и дипломат Џејмс Рубин се разведуваат по 20 години брак.
Веста прв ја објави „Вашингтон пост“, а весникот истакнува дека разводот се одвива во пријателска атмосфера.
Тие се запознале за време на војната во Сараево, од каде Аманпур известувала за Си-Ен-Ен, а Рубин исто така работел како репортер. Рубин потоа беше ангажиран како помошник за јавни односи на државниот секретар Медлин Олбрајт за време на мандатот на претседателот Бил Клинтон.
Двојката стапи во брак во 1998 година во Италија, а имаат и еден син Дариус Џон, кој се роди во 2000-та година. Иако се разведуваат тие се во пријателски односи и неодамна заедно се појавија на матурската забава на нивниот син.
Аманпур сега живее во Лондон, а Рубин е консултант во компанијата „Балард партнерс“.
Ново на Сител
-
Зеленски: Киев треба да стори сé што е можно да се стави крај на војната по дипломатски пат
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата