Се работи на транспорт на керозин, српските хеликоптери ќе можат да полнат гориво и во штипската касарна
Во овој момент се работи на транспортот на керозин. Намерата е денеска да биде сместен во касарната во Штип, што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери со помал резерворар да полнат гориво во штипската касарна, за да ја зголемиме нивната ефикасност, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
– Транспортот на керозин е малку посложен процес, затоа што се работи за исклучително лесно запалива течност. Намерата е овој кирозин денеска да биде сместен во касарната во Штип, каде што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери кои имаат помал резерворар да полнат гориво во штипската касарна за да ја зголемиме нивната ефикасност, рече Ангелов.
Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека доколку во текот на денот дојде до потреба овие хеликоптери да бидат ангажирани на друго место, ќе има можност и цистерната да се однесе таму.
Како што рече директорот на ЦУК намерата е да се скрати времето на полнење на гориво и со тоа да се зголеми ефикасноста на хеликоптерите во гаснењето пожари.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис