Се работи на канализациска мрежа во Волково и Кисела Јабука
Интензивно се одвиваат градежните работи за поставување канализациска мрежа на крак 119, долг 1.500 метри, кон кој гравитираат улиците „40“, „20“ и „22“ во Волково и дел во Кисела Јабука, во општина Ѓорче Петров.
Пред неколку дена, соопштија од општина Ѓорче Петров, во целост беа завршени работите на улицата „40“ долга 380 метри во Волково на која беа поставени цевки со широчина од Ф 400 cm, а деновиве се работи на улицата „20“ која е долга 800 метри на која се поставуваат цевки со широчина од Ф250 cm.
Во тек се подготовки за почнување на работа на улицата „22“ со должина 320 метри. Канализација ќе биде поставена и на помалите улички со должини од 50 до 80 метри кои се наоѓаат на споменатите улици на кои се работи. Општината планира во тековнава година да се завршат сите работи околу поставување на канализацијата во својот рурален дел, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред