Се проверуваат условите за прием на пациентите од кочанската диксотека во штипската болница, за лекување во втора и трета фаза
Медицински лица и претставници од Министерството за здравство денеска ја посетија Клиничка болница-Штип, со цел да ги видат условите за примање на повредените пациенти од кочанската дискотека „Пулс“ за да се лекуваат во втората и трета фаза. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев на денешната прес-конференција изјави дека по отпуштање на пациентите од болниците во земјава и странство завршува првата фаза од нивното лекување, по што ќе треба да следи втора и трета фаза за нивното лекување, какошто се преврски и други медицински третмани.
-Значи сега тие пациенти се се уште во активна прва фаза, бидејќи на нив има се уште активни хируршки интервенции. По отпуштањето дома, ние како болница можеме да превземеме некои преврски кај некои полесни пациенти и бевме во оделот за Физикална терапија да се направи увид. Во подалечна иднина, во трета фаза тие пациенти би требало да добиваат физикален третман, изјави Захариев. Адаптирањето на просторот ќе биде пред се на болничките соби во Физикална терапија. Захариев вели дека планирано е сегашните трикреветни соби, да се адаптират во еднокреветни или двокреветни, со цел лекувањето да биде подобро. Дополнително ќе се одлучува кој пациенти имаат потреба од понатамошно лекување, дали ќе биде амбулантско или ќе бидат задржани во болница.
-Тоа е втора фаза, активен третман на преврски. Во зависност од големината на преврските и зафатеноста на телото од изгореници ќе се направи проценка со нашите лекари, со пластичните хирурзи и секако во консултација со лекарите од Скопје би одлучиле кои пациенти каде ќе лежат и како ќе се лекуваат, рече Захариев.
Специјалистите по пластична хирургија од Клиничка болница- Штип, ќе помагаат и во Општата болница во Кочани.
Захариев најави и дека Клиничка болница-Штип ќе распише и оглас за вработување на 19 специјализанти. Огласот ќе биде објавен утре или во понеделник.
-Специјалности има горе-долу речиси сите, имаме две анестезија, две гиникологија, три рендгенологија, две педијатрија и други специјалности. Оваа недела бевме во припрема на огласот и се надеваме дека со правна служба или утре или најдоцна понуделник да биде објавен вели Захариев.
Ново на Сител
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Авионот на Вучиќ е приземјен во Баку, летот прогласен за небезбеден
-
Во сообраќајна несреќа со тешки телесни повреди се здобил малолетник
-
Мерц по средбата со Макрон: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат издвојувањата за одбраната
-
До крајов на неделава нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи
-
Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција
-
Македонија не смее да биде жртва на изнудување на членство во ЕУ
-
Се скарале во сообраќај па извадил нож и го избодел, уапсен 61-годишен гостиварец