Македонија
23. December 2017 - 11:47

Се преврте опел полн со мигранти, повредените згрижени во болницата во Куманово

Вчера околу 23.45 часот на регионалниот пат Куманово-Скопје кај с.Никуштак, во близина на месност викана „Ѓубриште“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Опел Вектра“ управувано од непознат возач во кое се превезувале осум пакистански државјани, излетало од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил палестинскиот државјанин А.М.(33), а кај останатите се уште не е утврден карактерот на повредите.

Сите пакистански државјани се пренесени и задржани во Ургентен центар-Куманово.Увид на лице место извршилеа екипа од Секторот за внатрешни работи Куманово.