Македонија
27. јуни 2018 - 9:57

Се преврте камион кај Богданци, двајца скопјани повредени

Вчера околу 12.30 часот на регионалниот во близина на крстосницата с. Црничани - Богданци, А.С.(29) од Скопје управувајќи товарно моторно возило „Фиат Добло Карго“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото, коешто излегло надвор од коловозната лента и се превртело.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.С., кој по укажаната лекарска помош во Медицински центар Гевгелија е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на понатамошно лекување, додека сопатникот Д.П.(33) од Скопје, се здобил со телесни повреди. 

Извршен е увид на местото на настанот.