Бизнис
9. April 2016 - 15:59

Се пониска инфлацијата во Албанија

Албанија продолжува да се соочува со слаб раст на цените, јави дописникот на МИА од Тирана.

Албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ) соопшти дека во март заблежана е инфлација од 0,3 проценти, што е далеку од предвидувањата на Централна банка на Албанија од три отсто. Во март минатата година таа била на ниво од 2,2 проценти.

Во февруари нивото на инфлција изнесуваше  0,2 проценти.        

- Првпат инфлацијата во Албанија два месеца по ред бележи ниво околу нулата, состојба која многу експерти ја сметаат за непосакувана за економијата, бидејќи сигнализира ниска потрошувачка, објави тиранската телевизија Топ-чанел.

Деталните податоците на ИНСТАТ потврдуваат дека главната причина за ниската инфлација е падот на цената на нафтата, иако намалени цени се забележани и во другите групи, како облека и здравство.

Две групи каде цените и понатаму растат се храната и образованието.

Пред два дена Централна банка на Албанија повторно ја намали основната каматна стапка и таа стигна на историски минимум од 1,5 проценти, за да го поддржи производството и да не дозволи економијата да оди во дефлација.