Балкан
2. October 2015 - 10:17

Се појавија графити „Војводина = Каталонија“

Во повеќе градови во Војводина вчера се појавија графити „Војводина = Каталонија“. Зад графитите стои непозната организација „Млада Војводина“, од која се оградуваат и власта и опозицијата, јавува Фена.

Од Лигата на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ) наведуваат дека не е тајна оти тие ја поддржуваат идејата Војводина да стане република но оти сметаат дека таа борба треба да се одвива преку институциите, а не со пишување на графити.

Ѓорѓе Милиќевиќ од Српската народна партија (СНС), владејачка партија во Србија, но опозиција во Војводина, остро ги осуди графитите, наведувајќи дека имаат дезинтеграциски карактер во однос на реформискиот пат на Србија.

- Таквите пароли зборуваат за повеќегодишниот проблем со недостиг на дискусија за Војводина, но графитите можат да се толкуваат исклучиво како маркетиншки потег, кој не е поврзан со актуелните политички прилики во земјата. Тоа едноставно не е сериозна политичка борба,, бидејќи таа се познава по тоа што излегува во јавност и ја придобива јавноста со своите ставови. Тоа повеќе е парола, политичка манипулација, но очигледно има луѓе на кои тоа им се допаѓа , оценува аналитичарот Душко Радосављевиќ.