Се пофалила дека почнува да работи во градинка:Поради статусот веднаш добила отказ!
Користењето на социјалните мрежи е бесплатно, но таа ја платила скапо цената за само еден статус.Кејтлин Волс (27) е самохрана мајка која долго чекала на приликата за вработување. Конечно ја пронашла, и тоа како воспитувачка. И како повеќето што прават во современиот свет, и таа посакала преку социјалните мрежи да се пофали на пријателите.
Но тоа што го напишала никако не било за пофалба.
- Денес почнувам со нова работа, но апсолутно мразам градинки. Не сакам често да сум опкружен со деца, напишала Кејтлин.
А како што денес секој работодавец ги прати на социјалните мрежи своите вработени, Кејтлин не стигнала ниту да се појави на првиот работен ден, а веќе добила отказ. не само тоа, туку и се соочила многу негативни коментари на нејзиниот сатус.
- Навистина ме расплака. Не сакав никого да навредам. Да, Погрешив. Секако дека не мразам деца, всушност имам ќерка и ја обожавам, вели Кејтлин, но сега е доцна и ќе мора да побара друга работа. А се надеваме дека ја научила лекцијата и дека своите импресии да ги задржи за себе, доколку нема што убаво да каже.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Халил Снопче, пратеник од Алијанса за Албанците
-
49 осомничени во акција на ОЈО ГОКК и МВР
-
Три ипол години затвор за Стевчо Јакимовски
-
Струмица ќе ѝ помогне на Кочани со кадар и искуство
-
Пет пациенти од пожарот во Кочани се враќаат од лекување од Србија
-
Палевски: Криминален ум би ја убил мајката, а не Вања
-
РЕК Битола ја исчисти недозволената количина на пепел, тврдат дека не била токсична
-
Меџити до Таравари: И со ДУИ и во Влада не штима