Се подготвува тендер за вториот дел од автопатот Скопје – Блаце, ќе се обновува постојниот пат
За автопатот Скопје – Блаце претстои тендер за избор на изведувач на втората делница, а ресорниот министер Благој Бочварски очекува активности на терен наредната година доколку биде успешна тендерската постапка. Се работи на првиот дел од автопатот, а за постојниот пат Скопје-Блаце е избран изведувач за обнова поради лошата состојба.
-Во однос на автопатот Блаце јас веќе информирав дека првата делница веќе се гради, за втората делница веќе привршуваат првите постапки и очекуваме во текот на наредниот период да се распише тендерската постапка. Таму сумата на проектантската вредност е некаде над 190 милиони евра. Тоа е голема сериозна инвестиција на доста тежок терен и очекувам дека во текот на наредната година, доколку биде успешна постапката за избор на изведувач, веќе ќе имаме активности и на втората делница, а ќе очекуваме и завршување на првата делница со што тие над 12 километри до Обиколница Скопје ќе влезат во комплетна реорганизација на теренот. Веќе имаме избрано изведувач и за рехабилитација на постоечкиот пат Скопје – Блаце којшто е во една полоша состојба, изјави Бочварски, на новинарско прашање при посетата на Пробиштип.
Целта на активностите, како што посочи, е патната инфраструктура да се доведе до ниво какво што заслужуваат граѓаните.
-Оние чекори коишто биле изгубени во минатото денеска ние еве чекор по чекор и во најголемата криза ги враќаме. И не само со овој патен правец, туку и со патниот правец на Коридорот 10Д од Градско кон Дреново – Фариш, Фаришката Клисура, Плетвар и сите останати патни правци со цел да се подобри сликата на инфраструктурата, рече Бочварски.
Тој соопшти дека за втората делница од експресниот пат Штип-Кочани денеска е завршена постапката за експропријација која што одзела доста време. – Овој експресен пат е со над 92 проценти прогрес на работите и нашите очекувања се дека во декември ќе можеме да го пушптиме во сообраќај под времен режим, таму се вршат сите градежни работи, тоа го гледаат граѓаните, изјави Бочварски.
Ново на Сител
-
Мбапе за Модриќ: Видов одблизу што значи величина
-
Осимен ги продолжува преговорите со Ал-Хилал
-
Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив
-
Николоски: Врвни британски фирми и експерти ќе дадат поддршка за реализација на проектите во Македонија
-
Реал Мадрид официјално објави дека Анчелоти заминува на крајот од сезоната
-
Калас: Подобро од кој било знаете дека патот до ЕУ не е лесен, но останете на него, Унијата е со вас
-
Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба
-
УК за радиотерапија и онкологија апелира за смиреност и доверба во персоналот