Се планира куќата на Арафат да стане музеј
Лидерите на Хамас во Газа ја предадоа куќата на поранешниот палестински претседател Јасер Арафат на официјалните лице од неговата партија Фатах, со намера таа да биде претворена во музеј.
Куќата на Арафат беше затворена од кога исламистичката група Хамас ја презеде Газа во 2007 година, откако во крвавите улични судири падна палестинската власт, а Фатах дојде под водство на наследниот на Арафат, Махмуд Абас.
На свеченото предавање на Арафатовата куќа пред годишнината од неговата смрт, присуствуваа претставници од сите палестински струи.
Последната година од животот, Арафат под опсада на Израел, живееше во претседателскиот комплекс во Рамала на Западниот брег, а откако во 2004 година се разболе, 75- годишниот лидер беше пренесен во Франција, каде истата година и почина.
Неговата куќа, во близина на безбедносниот комплекс под контрола на Хамас, полна е со предмети кои Арафат ги користел - стари монитори, фотокопир-машина, униформи и семејни фотографии.
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз